
Горивата поевтинуваат од полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два и пол денари. Литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 2 денари и еден литар ќе чини 52 денари.
Цената на дизелот се намалува за 4 денари. Новата цена ќе изнесува 42 и пол денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.
За 2,178 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот кој ќе чини 16,945 денари.
Од РКЕ објаснуваат дека причина за поевтинувањето е падот на цената на бензините на светскиот пазар за околу 24,55 отсто, на дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.