Заев: Да не го заборавиме 27 април и да не се повтори

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.

„Поминаа три години од крвавиот четврток – 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!“, напиша Заев на Фејсбук.