Трипуновски: Почитувани земјоделци, денес победивме

Почитувани земјоделци, денес победивме, пишува на својот ФБ профил заменик дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„По денешната моја изјава со која побарав од Владата да даде дополнителни денари субвенција за предадена зелка во откупните пунктови, како мерка за помош на земјоделците во ек на пандемија, СДСМ попушти и прифати“, истакнува Трипуновски и нагласува:
„Притисокот, кој Вие и јас го направивме, вроди со плод. Илјадници земјоделци ќе земат субвенција за предадената зелка, која ја продаваа по ниски цени, затоа што власта не обезбеди откуп.
Притисокот за да си го добиете своето наскоро ќе биде минато. По промената на власта што ќе следи, земјоделците ќе бидат на прво место.

Вие продолжете да работите. Јас сум тука да се борам за Вас“, порача тој.