Функционер на Европската унија ги отфрли во понеделникот медиумските наводи дека извештајот во кој се издвојуваат кинески извори на наводни дезинформации за коронавирусот ги ублажил по дипломатски притисоци од Пекинг.
„Апсолутно одбивам и оспорувам какви и да се шпекулации или тврдења дека во нашиот извештај сме попуштиле пред каков и да е надворешен притисок“, изјави во понеделникот портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Петер Стано.
ЕУ ја предводи борбата против трендот на ширење дезинформации, истакна Стано, а на тие напори ги посвети и своите интернет станци.
Во извештајот објавен во петокот, групата на ЕУ за сузбивање дезинформациите ги обвини Русија и Кина, меѓу другите земји, дека наводно намерно ширеле „приказни за заговори и дезинформации“ во јавноста на 27-те членки на Унијата и другите соседни држави
Некои медиуми, меѓутоа, известија дека наводно постоела поинаква верзија на споменатиот извештај. Но и во двата извештаи не се наведува како споменатите држави тоа го прават.
Во петокот американскиот дневен весник The News York Times, повикувајќи се на интерни електронски преписки на службата за надворешни работи на ЕУ, тврдеше дека делот за Кина бил ублажен по заканите од кинеските дипломати.
Стано во понеделникот потврди дека постоеле две верзии од извештајот, бидејќи едниот бил интерен за функционерите на ЕУ, а вториот за надворешна објава.