Италија и Британија ја истражуваат можната врска на Covid-19 и ретка детска болест

Италијански и бротански лекари ја изстажуваат можната поврзаност меѓу паднемијата од новиот тип коронавирус и тешката воспалителна болест кај децата кои доаѓаат во болниците со висока температура и отечени артерии.

Лекарите од северот на Италија, едно од најголеми жаришта во светот на Covid-19, пријавиле невообичаено голем број деца помлади од девет години со тешки форми на ретката болест Кавасаки, почесто отколку во Азија. Но експертите не ја исклучуваат вклученоста и на друг неидентификуван патоген.

Слични показатели забележале и лекарите во Велика Британија, па министерот за здравство Мет Хенкок на прес-конференцијата во понеделникот рече дека е „многу загрижен“ и дека стручњаците тоа прашање со големо внинание го анализираат.

Ситуацијата е толку деликатна што лекарите во Лондон издале итно известување до сите колеги и специјалисти од одделите за интензивна нега на кои се згрижуваат деца. Сличен допис бил објавен под изнаката „ургентно“ и во неделата вечерта на профилот на Twitter на Здрржението на педијатрите за интензивна нега (PICS) н, објави стручното списание Health Service Journal.

Болеста Кавасаки, чијшто причинител е непознат, ги погаѓа децата под петгодишната возраст и предизвикува висока температура, осип, потечени лимфни јазли и во тешки случаи воспалување на срцевите артерии.

Во болницата во северноиталијанскиот град Бергамо во март биле примени повеќе од 20 деца со тешки васкуларни воспалувања, шест пати повеќе отколку во текот на 12 месеци во изминатите години, изјавил за AFP детскиот кардиолог Матео Чуфреда.

Додал дека само неколку од тие деца не биле позитивни на коронавирусот и дека со слични случаи му се јавиле колеги и до Мадрид и од Лисабон.
Тој ги повикува лекарите да го документираат секој ваков случај за да се утврди дали има поврзаност меѓу заболувањата Кавасаки (или Синдромот Кавасаки или Синдром на муко-кожен лимфен јазол) и Covid-19 и најавува дека своите сознанија ќе ги објави во релеватно научно списание.

 

За синдромот Кавасаки

Синдромот Кавасаки е заболување коешто најчесто се развива кај децата на возраст под петгодишна возраст. Болеста е една од водечките причини за срцеви заболувања кај децата, но може да се третира доколку биде дијагностицира рано а повеќето деца закрепнуваат без никаков проблем.

Кога детето боледува од Кавасаки синдром, крвните садови низ неговото тело се воспалуваат. Ова воспаление може да ги оштети коронарните артерии и садовите што носат крв во срцето. Но болеста не влијае само на срцето. Таа, исто така, може да предизвика проблеми со лимфните јазли, кожата и внатрешноста на устата, носот и грлото.

Научниците сè уште ја немаат пронајдено точната причина за развојот на синдромот Кавасаки. Сепак, повеќето сметаат дека состојбата е веројатно поврзана со изложеноста на вируси и бактерии, како и со комбинацијата на генетски и други фактори од животната средина, како што се разните хемиски супстанции и надразнувачи.

Болеста Кавасаки се развива брзо и симптомите се појавуваат во фази. Проблемите со срцето може да се појават во периодот од десет дена до две седмици по појавата на некои од симптомите. Меѓу симптомите кои се препознатливи за Кавасаки синдромот може да вклучат: висока температура којашто обично трае повеќе од пет дена; осип или лупење на кожата често меѓу градите и нозете и во областа на гениталиите или препоните, а подоцна и на прстите на нозете и рацете; оток и црвенило на дланките и стапалата; црвенило во очите; отекување на жлезди, особено на вратните; иритираност во внатрешноста на устата и грлото;
надуен светлоцрвен јазик; болки во зглобовите; стомачни проблеми проследени со дијареа и повраќање.