Генералниот директор на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус синоќа изјави дека СЗО предупредила на новиот коронавирус уште кон крајот на јануари, но оти нема мандад да ги принуди земјите да ги спроведуваат нејзините препораки.
– Светот требаше внимателно да ја слуша СЗО, бидејќи светската криза почна на 30 јануари, кога надвор од Кина беа заразени 82 лица, а немаше починати, посочи Гебреисус.
Тој додаде дека СЗО на целиот свет и препорачала да се примени глобалниот пристап за јавното здравје.
– Кажавме дека треба да се идентификуваат заболените, да се тестираат, да се изолираат и да се открие со кого биле во контакт. Земјите што ги послушаа таквите препораки се во подобра ситуација. Тоа е факт што покажува колку е важно да се слушаат препораките на СЗО, наведе Гебреисус.
Тој додаде дека СЗО ќе продолжи да дава препораки засновани врз науката и доказите.
– На секоја земја останува дали ќе ги применува, истакна генералниот директор на СЗО.