
Велика Британија веројатно ќе стане една од најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот во Европа, според подаците кои во вторникот наведуваат дека бројот на починаите надминал 20.000 лица заклучно со 17-ти април вклучувајќи ги бројките од домовите за старите и немоќни лица во Англија и Велст.
Бирото за национални статисики (ONS) објави дека бројот починати поради инфекција со коронавирусот во Англија и Велст е за 35 отсто поголем од дневните податоците за починатите во болниците до 17-ти април кои ги објави британската влада, според официјалните податоци кои ги вклучуваат и смртните исходи и надвор од болниците.
Според ONS, заклучно со 17-ти април, забележани се вкупно 21.284 смртни случаи поврзани со заболувањето Covid-19, респираторната болест предизвикана од новиот тип коронаврирус. Тоа е за 35 отсто повеќе од 13.917 починати во болниците, показател кој го објави владата на 18-ти април.
Црниот биланс во Обединетото Кралство заклучно со 17-ти април со овие податоци е повисок отколку во Франција којашто исто така ги вклучува и починатите во домовите за стари лица, како и во Шпанија, според пресметките на агенцијата Reuters, но е помала од вкупниот биланс на починатите во Италија.
Трипати поголемиот број починати во домовите за стари и немоќни лица во Англија и во Велс во рок од неколку седмици придонел и за далеку поголемиот вкупен број прочинати. Според ONS, вкупно 7.316 лица починале во домовите за стари лицва во текот на 16-та седмица од 2020 година, речиси трипати повечќе од бројата пријавена во 13-та седмица.
Според податоците кои во понделникот ги објави владата, во болицните починаче уште 360 лица, што е најмалку од крајот на март, а со што вкупно бројката починати изнесува 21.092 луѓе.