![zoki poki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/zoki-poki.jpg?resize=320%2C157&ssl=1)
ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува следната недела, на 4 мај. Гледачите ќе имаат можност да ги проследат десетте епизоди секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на Македонската радио телевизија. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.