Двесте романски работници во германска кланица позитивни на коронавирусот

Околу двесте романски работници во кланица на западот од Германија биле позитивни на тестирање за новиот коронавирус и е сместени во корантин, соопштија во вторникот локалните власти.

Вкупно околу триста работници во кланицата во Биркенфелд, во германската сојузна покраина Рајнланд-Пфалц, на тестирање биле позитивни на коронавирусот, наведува градскиот округ.

Меѓу нив двесте се вРоманци, потврди романското минитерство за надворешни работи. Од 700 работници во споменатата кланица, 500 се од Романија.

Овие пациенти имаат само полесни симптоми или, пак, воошто ги немаат, додава уште романската дипломатија. Министертвото за внатре

Романците се значителен дел од околу 300.000 сезонски работници кои Германија ги вработува секоја година. Тие се неопходни во земјоделството и можат да дојдат да дојдат во Германија и покрај заворањето на гранците. Така, во првата седмица од април германската влада организраше специјални летови со кои беа пренесени десетици илјади сезонски работници од Романија, кои се ангажирани во бербата на аспарагусот, како дел од 80.000 работници потребни за бербата, а кои дел доаѓаат и од Бугарија и од Полска.

Меѓутоа, романското министерство за надворешни работи наведува дека Романците позитивни на коронавирусот во споменатата кланица „не се сезонски работници, туку се вработени на кооперантите кои работат за германската кланица“.