Бројката починати Американци од коронавирусот ја мина бројката загинати во Виетнам

Бројката на починатите Американци во епидемијата на коронавирусот во вторникот надмина 58.220 луѓе, што е вкупната бројка Американци загинати во текот на долгата Виетнамска војна, додека бројот на заразените надмина милион лица.

Официјално потврдениот број заразени во САД се удвои во последните 18 дена и сега претставува третина од сите случаи на Covid-19 во светот, според податоците кои ги собрала агенцијата Reuters.

Според некои здравствени стручњаци вистинската бројка заразени во САД е и поголема, имајќи предвид дека здравствените службеници предупредуваат дека капацитетите за тестирање се недостатни поради недостигот од квалификувани лица и опрема.

Околу 30 отсто од случаите се регистрирани во сојузната држава Њујорк, жариштетот на епидемијата во САД, а следат државите Њу Џерси, Масачусетс, Калифорнија и Пенсилванија.

Откако на 29-ти февруари беше забележан првиот смртен случај од Covid-19, како последици на инфекцијата со коронавирусот во САД починале 58.233 лица. Во последното деноноќие починале 2.000 лица.

Според моделот на Универзитетот во Вашингтон, во САД до 4-ти август би можело од коронавирусот да починат 74.000 луѓе. Пред точно 20 дена, според еден од моделите за процени кои често ги наведуваат американските функционери, се очекуваше бројот на починати во САД во епидемијата од коронавирусот да достигне околу 60.000, а којашто во моментов е речиси достигната, а што претставуваше 26-процентно намалување на смртните исходи од претходните проекции. Намалувањето изнесено тогаш беше, исто така, според моделот изработен од Универзитетот во Вашингтон.