Министерот за внатрешни работи на Кенија, Фред Матијаги најави забрана за влез и излез на луѓе од двата најголеми бегалски кампа во Африка како дел од мерки за борба против ширењето на Ковид -19.
Матијаги не дал други детали, но добротворната организација „Кер“ (CARE) предупредува дека камповите „Дадаб“ и „Какума“ немаат ресурси да се справат со евентуална појава на зараза.
Организацијата наведува дека кампот „Дадаб“ во источна Кенија има простор за карантин за околу 2.000 луѓе и дека во самиот камп се сместени дури 290.000 бегалци, претежно од Сомалија.
Околу 60.000 бегалци се сместени во кампот „Какума“ во северна Кенија, главно од Јужен Судан.