
Македонија и официјално ја надмина Словенија според бројот на заразени случаи од Ковид-19. Според последните информации од вчера, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата држава изнесува 1.421, а во Словенија е 1.408.
Словенија е држава која има и реално поголем број на житеели кои што живеат во земјата, над 2 милиони, додека во Македонија бројката е многу помала.
Исто така, како ризик фактор за Совенија е и тоа што се граничи со Северна Италија, регион кој најмногу настрада од коронавирусот, а до средината на март границата со Италија беше отворена.
Македонија исто така е на врвот на листат со најмногу починати од коронавирусот споредбено со земјите од соседството. Досега има 71 починат, односно 34 починати на 1 милион жители. Грција има 13, Бугарија 8, Албанија 1о, Србија 19, Хрватска 15, Бих 19.
Постои уште едно прашање кое надлежните и министерот за здравство треба да го образложат, зошто во Македонија од оваа болест има голем број смртни случаи на млади лица, ако е веќе познато дека ризична возрасна група во сите земји се постарите луѓе?