![filipce tv](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/filipce-tv.png?resize=613%2C394&ssl=1)
Негативен на коронавирус е и вториот тест на министерот за здравство Венко Филипче, кој резултатот го добил денеска. Со тоа завршува и неговата 14-дневна изолација која беше на негова иницијатива иако, како што вели, епидемиолозите не сметале дека е во ризик.
-Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и сè функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката, истакна министерот Филипче во допис до медиумите.