Полицискиот час не го почитувале 51 лице

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека  во текот на изминатото деноноќие 51 лице не ја почитувало забраната за движење. Притоа  34 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период  на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.