Кандидататот за иден американски претседател Џо Бајден, се соочува со зголемени повици во и вон неговата Демократска партија лично да одговори на обвинувањата од поранешната соработничка којашто тврди дека поранешниот потпретседател на САД сексуално ја злоставувал пред речиси 30 години, што неговиот изборен штаб го негираше но тој самиот не одговори.
Тара Рид, којашто работела во бирото на сенаторот Џо Бајден, од декември 1992 до август 1993 година, го обвини дека ја притиснал на ѕид и ја ставил својата рака под нејзининото здолниште и под маичката. Таа изјави дека поднела жалба за сексуално злоставување.
Сега 56-годишната Рид е една од осумте жени која го обвинија Бајден дека ги прегрнувал, бакнувал или допирал на начин поради кој се чувствувале непријатно, иако тогаш во 1990-те ниедна од нив не го обвинила за сексуално злоставување. Рид јавно го обвини Бајден во поткаст во март.
Изборниот штаб на Бајден тврди дека тоа не се случило, а самиот тој не одговори на обвинувањата.
Во текот на виртуелна донаторска вечер во средата, Бајден се фалеше со својата работа на Законот за насилство над жените, како и со својата работиа на спречување на сексуалното злоставување во кампусите на колеџите и универзитетите.
„Видете, мораме да ја промениме културата на злоставување во оваа земја, особено во војската“, одговори Бајден на прашањето за сексуално злоставвуање, но повторно избегна да одговори на обвинувањата од Тара Рид.
Локалните и националните медиуми, пак, кои како и на минатите претседателски избори се определуваат против неговиот републикански противкандидат актуелниот претседател Доналд Трамп, за тоа не го прашуваа во неодамношните интервјуа.
Меѓутоа, уште две жени, поранешна сосетка и колешка на Тара Рид, потврдија во интервјуа за ресурсот Business Insider, дека Тара совевремено им ја опишала постапката на Бајден.
Истовремено, ресурсот Intercept прв ја објави снимката од емисијата „Larry King Live“ на телевизјата CNN од август 1993 година, кога Рид престанала да работи за Бајден, која покажува како неименувана жена од Сент Луис зборува дека нејзината ќерка, којашто работи кај „познат сенатор“ има „проблеми“ со својот работодавец и оти „поради почитување“ кон тој сенатор не ги известила за тоа медиумите.
Портпарол на кампањата на Џо Бајден во средата одбил да го коментира случајот, пренесува Reuters. Агенцијата наведува дека не успеала да ги потврди обвинувањата од Рид, и не успеала да стапи во контакт со неа и со нејзините адвокати.
Весникот The New York Times, пак, во средата објави дека наводно неговата истрага не успеала да потврди дали обвиението е вистиното.
Пратеничката Александрија Оказио-Кортес, влијателна претставничка на ткн прогресивно крило на Демократската партија, изјави во текот на онлајн-форум претходно седмицава, дека обвинувањата од Тара Рид заслужуваат чесна истрага.
Нина Тарнер, една од координаторките на кампањата на Берни Сандерс, левичарскиот сенатор од Вермонт кој беше најголемиот ривал на Џо Бајден во трката за партиската номинација на ноемвриските претседателски избори, за Reuters во средата изјави дека поранешниот потпретседател на САД мора да одговори на прашањето.
„Не може да се чини дека ја игнорираат само затоа што тое е непријатна вистина за одредени луѓе во Демократската партија“, рече Тарнер.
Уредништвото на весникот The Washington Post, кој исто како и The New York Times уште од најавата за претседателските избори во 2016 година секојдневно жестоко го напаѓа републиканецот Доналд Трамп, во средата го повика Џо Бајден да одговори на обвинувањата и да објави акти од периодот кога во Сенатот ја застапуваше сојузната држава Делавер.
Неколку жени, кои се потенцијално потпретседателки на САД доколку победи 77-годишниот Бајден, го поддржаа, вклучително и сенаторките Камал Харис и Ејми Клобучар, како и поранешната претставничка на државата Џорџија во Претставничкиот дом, Стејси Адамс. Зад Бајден застана и поранешната претеседалска кандидатка, сенаторката Кирстен Гилибранд, која е позната по поддршката на жртвите на сексуалното насилство.
Портпаролот на кампањата на Трамп, Тим Мартоу, во средата во соопштение за медиуми наведе дека Бајден се обидува да ги избегне критиките, со тоа што избегнува да одговори на обвинувањата. Трамп во текот на кампањата на минатите избори беше обвинуван од Демократската партија и неколку жени, исто така, за наводни сексуални злоставувања, но тие беа отфрлени или повлечени.