Стоилковски: Шилегов го втурна Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинско тендерски спреги

Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинска- тендерска спрега во Дрисла, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Град Скопје и Петре Шилегов мора да одговорат како и зошто заедно со Коста Начевски – директорот на ЈП Дрисла, во 4 очи ја одбираат Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев, за да и дадат над 12 милиони денари за изнајмени градежни машини на три месеци? Пиперевалиев е близок со кланот Заеви и е во роднинска спрега со Генералниот Секретар на Владата, Драги Рашковски. Директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски. Додека во Македонија фирмите пропаѓаат поради кризата, се стимулираат фирми да отпуштаат работници, оваа братучедско- клановска спрега преку Град Скопје на Петре Шилегов во 4 очи си делат тендери над 12 милиони денари, вели Стоилковски.

Тој истакнува дека институциите бегаат од одговор, сакајќи скандалот во оваа вонредна состојба среде епидемија да биде незабележан од јавноста.

-Срамно и жалосно е што додека државата мака мачи со здравствените и економски последици, СДСМ во секоја прилика гледа да намести по некој нов тендер. Податоците се јасни, За само три месеци СДСМ смислено ограбила 120 милиони евра од буџетот, ги дозадолжи граѓаните, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија. Државата тоне во долгови, а тие местат тендери. За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Институциите мора да се одважат и да реагираат. Во спротивно, многу набрзо ќе има ревизија на сите тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте нив ги има многу, нагласува Стоилковски.