
Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска информираше дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите. Конкретно, за средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.
Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.
Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови.