Директорот на Институтот за јавно здравје предупредува: Не е безбедно да се оди на избори

Директорот на Институт за јавно здравје, Шабан Мемеди во своето гостување во телевизија 24 истакна дека не е безбедно да се оди на избори за двесетина дена откако ќе се укине вонредната сотојба во државата. Според него најважно е здравјето на граѓаните.

-Вонредната сотојба ќе се укине врз основа на препораките на комисијата за Министерво за здравство. Ќе ја следиме ситуација, ќе ги видиме реузлатите како ќе испаднат со Ковид 19 и врз основа на тоа ќе дадеме препораки на Министерството за здравство, Владата и другите институции. Јас не верувам дека за дваесетина дена откако ќе заврши вонредната сотојба е безбедно да се оди на избори. Некој спомна да се оди на избори со маски , но нас не ни значи ништо месец или два да почекаме кога ни е приоритет здраствената состојба на граѓаните, додаде Мемети.