Лондон смета дека Пекинг треба да одговори на прашања за пандемијата на коронавирусот

Кина мора да одговори на прашања поврзани со информациите коишто ги споделила за епидемијата на новиот коронавирусот, но анализата за нејзината улога треба да се направи подоцна, изјави во понеделникот британскиот министер за одбрана Бен Волас.

На прашањето на радиотo LBC дали Кина треба да одговори на прашања за тоа колку брзо го известила светот за димензиите на кризата, Волас одговори дека смета дека мора.

„Времето за анализа за тоа ќе дојде откако ќе имаме сѐ под контрола и ќе минеме низ ова, а економиите ќе се вратат во нормалата. Кина треба да биде отворена и транспарентна… кога станува збор за нејзините грешки, но и упеси“, рече британскиот министер за одбрана.

Волас одби да ги коментира медиумските написи дека во извештајот на разузнавачката алијанса Пет очи (Five Eyes), која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, се наведува дека Кина лажела за епидемијата на коронавирусот.

Австралискиот весник Daily Telegraph претходно во неделата објави дека во извештајот на 15 страници се тврди дека Кина намерно сокривала или унишувала докази за епидемијата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во неделата дека постојат „значајни докази“ дека коронавирусот настанал во кинска лабораторија, но не го оспори заклучокот на Националното разузнавање на САД, кое обединува 17 агенции, дека човекот не кој создал овој вирус.

„Постојат значајни докази дека вирусот излегол од кинеските лаборатории во Вухан“, повтори уште еднаш шефот на американската дипломатија Мајк Помпео во емисијата „This Week“ за телевизиската мрежа ABC News.