Советникот на британската Влада поднесе оставка поради прекршување на правилата за изолација

Советникот на британската Влада, епидемиолог Нил Фергусон поднесе оставка откако ги прекрши правилата за изолација и се сретна со својата партнерка.

Професорот Фергусон, кој го советуваше британскиот премиер Борис Џонсон да воведе мерки за карантин и им „држеше предавање“ на граѓаните дека мора да ги почитуваат строгите мерки на социјална изолација, поднесе оставка на позицијата советник бидејќи и дозволил на својата партнерка, која е мажена, да го посетува во неговиот дом, пишува британски “Телеграф“.

– Прифаќам дека направив грешка во мојата проценка и дека погрешно постапив. Затоа, поднесов оставка од САГА. Се однесував така со уверување дека сум имун, откако бев позитивен на тестот за коронавирус, по што целосно бев изолиран речиси две недели. Длабоко жалам за какво било поткопување на јасната порака дека физичката дистанца е постојано потребна за да се контролира оваа погубна епидемија. Владините насоки се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас, рече Фергусон.

Тој е еден од најистакнатите членови на САГЕ, а кон средината на март предупреди дека 250.000 луѓе би можеле да починат доколку Велика Британија не примени мерки за физичка дистанца меѓу луѓето, пренесува Скај њуз.