Белгија со обврска да забележи убедлив триумф

Мундијалската авантура денеска ја стартуваат и репрезентативците на Белгија од кои се очекува сигурна и убедлива победа во дуелот против најголемиот аутсајдер во групата „Х”, селекцијата на Алжир.

Предводникот на „црвените ѓаволи”, Марк Вилмотс нема никакви проблеми кога е во прашање здравстениот билтен, а алжирската мрежа сигурно ќе биде голем предизвик за Азард, Лукаку, Де Бруин, Мерелеш и Мертенс.

„Искрено, немам многу информации за репрезентацијата на Алжир. Постојано ја менуваат формацијата. На неколку натпревари играат 4-3-3, а потоа на следниот 4-4-2. Ние можеме да се подготвиме за сите можни опции, а противничкиот селектор може да употреби 3.000 различни формации. Се што можеме да направиме е да бидеме максимално подготвени за овој нов предизвик. Се е во ред со Лукаку, повеќе не чуствува никаква болка, но јас имам на располагање неколку одлични напаѓачи. Во мојот тим нема стандардни првотимци, сите се во игра за почетниот состав и за резервната клупа”, изјави селекторот на Белгија, Марк Вилмотс.
Дуелот помеѓу Белгија и Алжир стартува во 18:00 часот.