-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

И со маски и без маски и со ракавици и со скафандери ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на избори 

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски имаше вклучување во вестите на Канал 5 каде што посочи дека избори би требало да има кога здравствените власти ќе соопштат дека пандемијата во Република Македонија е стивната и нема да има новозаболени.

-Здравствените власти треба да кажат дека епидемијата односно пандемијата е стивната целосно и дека може да се реазлизираат избори во Република Македонија. Ние како опозиција особено јас навистина сакам да има избори, но здравјето на граѓаните ние пред се, нагласи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека се шпекулира како изборите ќе се одржат со што граѓаните ќе носат маски, со ракавици и скефендери. Но едно е јасно како и да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и сака да има избори, но сепак најважно од се е здравјето на граѓаните.

Треба барем да се има нормална кампања каде граѓаните навистина ќе можат комотно да излезат и да гласаат на изборите. Бидејќи пред се политичките партии постојат поради граѓаните, додаде Мисајловски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се закажат, но се зависи што ќе се одлучи на лидерската средба. Датумот на избори зависи од податоците кои што ќе ги соопштат здравствените власти.

-Најдобро е да видиме што ќе се договори на следната лидерска средба, да слушнеме и од здравствените власти што се ќе кажат и да ни ги кажат сите оние бројки моментално што во овие недели се случуваат односно колку има заразени, трендот на намалување или на зголемување, појасни Мисајловски.

Мисајловски додаде дека по тие податоци што ќе ги соопштат здравствените работници ќе може да се одреди датум за одржување на избори.

Ние сакаме да има избори, но не по секоја цена, за да утре не можеме да имаме нормална кампања, а од друга страна многу нови заболени да има. Но ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, и ние очекуваме голема победа, нагласи Мисајловски.