Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пресрет на состанокот на Комисијата за заштита од заразни болести, најавен за утре, порача за време на дискусијата околу можноста за одржување на парламентарните избори, членовите да се предводат од заклетвата којашто ја дале како лекари, а не од, како што кажа, желбите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска.
„Јас сум сигурен дека, доколку Филипче и останатите одлучат да постапат како лекари и луѓе коишто навистина се грижат за здравјето на граѓаните, немам дилема дека ставот ќе биде поразличен од оној на желбите на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и ова раководство на СДСМ“, рече Мицкоски.
Го повика министерот за здравство Венко Филипче да не ги форсира желбите на челниците на СДСМ – Зоран Заев и Радмила Шекеринска за брзи парламентарни избори, бидејќи како што вели тој, се уште се отвораат жаришта од епидемијата во Македонија.
„МАСОВЕН СКРИНИНГ ПА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СО СТАВ КАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ, ДЕНЕСКА ДОБИВ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА СЛЕДНО ЖАРИШТЕ ГРАДОТ ВЕЛЕС. АКО УТРЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧАТ ДА ПОСТАПАТ КАКО ЛЕКАРИ, НЕМАМ ДИЛЕМА ДЕКА СТАВОТ ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЛИЧЕН ОД ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ И РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА. ВО СПРОТИВНО, ТИЕ ЌЕ РЕЧАТ ДЕКА НЕ ПОСТОИ НИКАКВА ОПАСНОСТ И ДЕКА РЗЕУЛТАТОТ Е ИСТ КАКО СОСТОЈБАТА ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА“, РЕЧЕ МИЦКОСКИ.
Претседателот на најголемата опозициска партија се согласува со ставот дека прво треба две недели по ред да има едноцифрен број на новозаболени од Ковид-19, па да се планираат изборите. Денес бројот на новозаболени беше 33.
„ХИПОТЕЗИТЕ И ПРЕТПОСТАВКИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ОСТАВИМЕ ПОНАСТРАНА. ДА ВИДИМЕ КАКВИ ЌЕ БИДАТ ПРОЦЕНКИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ВТОРНИ.БРОЈОТ СЕГА СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ТЕСТОВИ“, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЌЕ ИМА ИЗБОРИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА НА 16 МАЈ.