Угледниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во четвртокот објави уреднички коментар по вчерашниот видеосамит на шефовите на држави и влади на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.
-Доколку полноправното членство во ЕУ за Косово, Албанија или Македонија не е реална опција во догледно време, тоа треба да им се каже. Во таков случај треба да им се дадат други понуди, стои во коментарот на весникот.