
Германската Бундеслига сезоната ќе ја продолжи на 16-ти мај, и така ќе стане првата европска лига која ќе продолжи со натпреварите прекинати поради пандемијата на коронавирусот, објави во четвртокот Германската фудбалска лига (DFL).
Лигата објави дека натпреварите ќе се играат со почитување на строгиот здравствен протокол кој налага да нема гледачи на трибините, а првиот ден од продолжување на првенството ќе се играат неколку мечеви меѓу кои и дуелот меѓу Борусија Дортминд и Шалке.
„Иако не е нормално да се игра натпревар пред празни трибини, беше клучно да се продолжи да се игра“, изјави извршниот директор на DFL, Кристијан Зејферт по разговорите со претставниците на клубовите од првата и втората германска лига, откако германската влада во четвртокот даде зелено светло за продолжување на Бундеслигата.
DFL сака по секоја цена сезоната да заврши до 30-ти јуни, дури и без гледачи, за да се извршат обврските кон спонзорите и телевизиите. Претходно предупредуваше дека секое натамошно одложување би ја загрозило егзистенцијата на некои клубови.
Завршницата на сезоната ќе биде на крајот на јуни, според Зејферт, а најверојатни датуми се 27-ми и 28-ми јуни.
Германското првенство беше прекинато на средината од март поради пандемијата на коронавирусот. Клубовите почнаа со тренинзите кој средината на април со почитување на сите здравствени мерки и мерки за одржување на растојанието, па дури и тестирање на сите играчи и членови на стручните штабови, а играчите се поделени во помали групи.
Пред пекинот на првенството на табелата водеше минхенски Баерн кој со 55 бодови од 25 кола оди кон осмата последователна титула, а го следи со четири бодови помалку Борусија Дортмунд, а трет е РБ Лајпциг е трет со 50 бодови. До крајот на првенството има уште девет кола.