Одлуката за изборите согласно препораките на стручната комисија

Препораката на Комисијата за заразни болести базирани на стручен пристап ќе го одреди одржувањето на изборите, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Во однос на изборите и во овој момент сме внимателни во однос на тоа што ќе препорачаме следната недела. Ги следиме бројките и движењето и на национално ниво и во одредени градови и региони и само така ќе ги носиме мерките. Секогаш се изджани врз основа на стручно мислење. Така одлуките ќе ги носиме и понатаму, рече Филипче на новинарско прашање.

Запрашан кога ќе биде вистинскиот момент за одржување на изборите тој повтори дека препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализите на случаите.

-И денешниот ден беше предвиден да препорачаме нешто за следната недела, го одложивме за утре за да го анализираме овој скок на пациенти минатиот ден. Во таа смисла остануваме на препораките на Комисијата за заразни болести која што ги носи одлуките исклучиво врз основа на стручниот пристап, анализа на бројките, трендовите, капацитетите на болниците, анализа на поединечни региони, не само на национално ниво, по возрасни групи итн. И дополнително на сето ова и овој таргетиран пристап ќе бидат фактори кои што и понатаму исто како и досега – а тоа е бројките, науката, нешто на што ние ќе ги базираме одлуките и препораките до Владата за да се димензионираат следните мерки, посочи министерот за здравство Филипче.