
Во пресрет на годишнината од големата победа над фашизмот, сеќавајќи се на ужасите и милиони жртви, добивме, не само граѓаните на оваа нова деперсонализирана и очигледно сè посиромашна територија, до вчера Република Македонија, туку и Србија и Европската унија, необична честитка, стои во реакцијата на Демократската Партија на Србите во Македонија од каде додаваат:
„По повод Денот на победата над фашизмот или Денот на ЕУ, сепак, добивме честитка со која се слави фашизмот, честитка што претставува тешка навреда за здравиот разум, навреда за нормалните луѓе, антифашисти, Срби и Србија и, конечно, навреда за Европската унија. Очигледно е дека политичките интереси на различни групи фрлаат различни фокуси на научни вистини и историски факти, обидувајќи се да ги обликуваат според дневните потреби со цел да ги ревидираат минатите настани што ја загрозуваат социјалната меморија, цивилизацијата и целта на научните вистини и историски факти.“
-Наместо нулта толеранција против сеприсутниот фашизам, добивме отворена државна промоција на фашизмот, наместо регионална соработка и стабилност, добивме повеќе од сериозна провокација со фашизмот, така што сите честитки до Северот за востоличување на фашизмот во јавниот државен дискурс на новото создание. Ве поканувам да ја задржите топлината во нашите срца на овој голем ден заради големата победа, срца во кои сè уште трепери сјајот на тагата за трагедијата од минатото и сјај на надеж дека сè уште ќе го зачуваме споменот на славните победници и немилосрдно учествуваме во борбата против фашизмот околу нас, се потенцира во реакцијата.