Почна средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со коалиционите партнери од коалицијата „Можеме“.
Од СДСМ информираа дека во 11.00 часот во седиштето на СДСМ ќе се одржи состанок со коалиционите партнери од коалицијата „Можеме“. По завршувањето на состанокот, во 12.30 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе даде изјава за медиуми пред седиштето на СДСМ.
На коалицијата на СДСМ која функционираше во последните три години, по распишувањето на десттите парламентарни избори, се приклучи и досега опозициската партија од албанскиот блок Беса на Билал Касами.
Средбата се одржува два дена пред лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, закажана за вторник, на која ќе се разговара за датумот на претстојните парламентарни избори.