
Иако СДСМ цело време повикува на почитување на мерките кои што се донесени од страна на владата, по се изгледа дека се залагаат само декларативно, а во пракса речиси и да не ги почитуваат истите.
Имено, општинскиот изборен штаб на СДСМ од Кичево вчера одржале состанок, а како што може да се забележи на фотографиите објавени на Фејсбук страницата на СДСМ Кичево, социјалната дистанца не се почитува, односно мерките и препораките кои се донесени од владата СДСМ не ги почитува.