
Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистина содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.
Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај.
Скопјанка која добила таков маил, реагирала веднаш до Министерството за здравство.
– Во маилот што го добив пишува дека сум имала контакт со заболен од корона вирус и дека ме предупредуваат во врска со тоа. Прво се исплашив, па потоа се јавив во Министерството и ми олесна кога ми кажаа дека е лажен маилот – раскажува оваа 45-годишна жена.
Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected].
– Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.
Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество – додаваат од Министерството.