Излегувањето на Франција од 54-дневниот карантин во понеделникот, особено во главниот град Париз, започна со хаос поради големите метежи во јавниот сообраќај, пренесуваат медиумите.
Електронските медиуми објавија снимки од преполн воз во париската подземна железница на линијата 13, Габриел Пери – Шатијон Монруж, откако првата денешна композиција доцнела 40 минути. Министерот за сообраќај Жан-Батист Џебари, изјави дека проблемите со оваа лини биле поради поплава предизвикана од обилните врнежи во текот на викендот.
Дневниот весник Le Monde објави фото-репортажа од маса луѓе на перонот на станица Гар ду Норд, кои се убидуваат да се качат во приградски воз. Меѓутоа, и покрај почетните проблеми, утрото на железничката станица на истокот Гар де л’Ест и на станиците на подземната железница на Левиот брег (на Сена) минале „морничаво“ тивко.
Бидејќи работодавачите добија упатства колку што е можно повеќе да задржат работници да работата од дома, вообиачените утрински метежи на линиите на порземната железница кои минуваат на Левиот брег изостанаа, со најмногу десет патници. На постојките се истакнати предупредуваа за задолжително носење маски, кои париските власти ги делат бесплатно, во јавниот сообраќај, за што грижа води и полицијата.
Францускиот претседател Емануел Макрон со твит даде поткрепа во понеделникот „Чувајте ги животите: останете внимателни“. Новата порака ја замени досегашната којашто ги повикуваше граѓаните да останат во своите домови и на тој начин да си ги сочуваат животите.
Франција е една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусто со 26.300 смртни случаи до неделата, но и таа од понеделникот започна со ублажување на мерките за изолација, во прв ред за да се запре подлабокото тонење на запрената национална економија. Населението сега може да ги напуштаат своите домови без барање специјална дозвола, a отворени се основни училишта и некои продавници. Средните училишта и лицеите (гимназиите) би требало да започнат со работа следната седмица. Кафулињата и рестораните и натаму остануваат затворени.
Во Париз и на североистокот од земјата, области кои спаѓаат во ткн „црвени зони“, што значи дека имаат повеќе заболени од Covid-19, парковите и плажите и натаму ќе останат затворени. На сила се и натаму ограничувањата на патувањата меѓу копнена Франција, Корзика и прекуморските територии.