Миланов: Несериозно е педагог да го толкува деловникот на Собранието

На новинарското прашање дека денеска во судот вториот сведок во случајот за насилните настани во Собранието од април 2017-та практично потенцирал дека тогашниот претседавач на седницата можел да го прекине говорот, конкретно на тогашниот пратеник Зекири Ибраими, и колку ова им го отежнува околноста, како бранител на дел од обвинетите, адвокатот Еленко Миланов вели дека вториот сведок не е сериозно и допустливо да го толкува Уставот.

Вториот сведок според неговите генерали е дипломиран педагог којшто од својата струка постапува со деца од претшколска и осмоодделенска настава и тој остана да толкува деловник што сметам дека сигурно е несериозно. Овој сведок не потврди дека можел да исклучи, бидејќи од 2017 самиот претседател може тоа да го исклучи. До 2017 година односно пред овие настани дури и тој не можел да врши исклучување и тоа можело преку компјутерскиот центар. Сметам дека времетраењето на шокот не дозволувало таква реакција и сметам дека апсолутно ништо не се потврдува, вели Миланов.