
Франција од партнерите во Европската унија бара да разгледаат силен одговор на Израел доколку оваа земја продолжи со дефакто анексијата на делови од Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија во војната од 1967 година.
Како што потврдиле три неименувани дипломати за агенцијата Reuters, и Белгија, Ирска и Луксмебург, исто така, сакаат да разговараат за можноста за воведување економски санкции во текот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во петок. Меѓутоа, за започнување на колективната активност на Унијата, потребна е согласноста од сите државни членки.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во јули неговата влада ќе започне со разгледувањето на планот за ширењет на суверенитетот на Државата Израел врз еврејските доселенички населни и во долината на реката Јордан на Западниот брег, што наводно е и дел од мировниот план за Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.
Палестинците жестоко реагираа на овие планови на Израел да ја зацврсти својата власт на споменатите територии, коишто ги посакуваат заедно со источен Ерусалим за својата идна држава.
Дипломатите од ЕУ не ги навеле поединостите за тоа какви санкции би можеле да разгледуваат земјите членки за да се обидат да го одвратат Израел од овој потег. Според процедурата, владите на членките на ЕУ би требало да побараат од Европската комисија и од Европската служба за надворешно дејствување (EEAS) да подготват листа со опции. Со одговорот би требало да се согласат сите членки.
Според оцените на Reuters, најблиските сојузници на Израел од членките на ЕУ, Чешка и Унгарија, би можеле да ја блокираат подготовката на таквите мерки.
Портпарол на ЕУ во понеделникот одбил за агенцијата да ки коментира интерните дискусии, но рекол дека „анексијата е спротивна на меѓународниот закон и доколкуи се продолжи кон анексија, ЕУ соодветно ќе одговори“.