
Потврдени се десет нови случаи позитивни на новиот коронавирус од направени вкупно 198 тестови, објави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека во последнтоо деноноќие починат е уште еден пациент, а пет лица оздравеле.
На Инфективната клиника во Скопје починал 61-годишен пациент од Делчево, кој имал други придружни болести. За денес се регистрирани пет оздравени пациенти.
Вкупно се дијагностицирани 1.674 лица, оздравени се 1.205, 92 се починати, а 377 се активни случаи.
На Клиниката за инфективни болести примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 41. Во Градската општа болница „8-ми Септември“ примени се 13, а вкупно има хоспитализирани 25.
Според министерот Филипче, се зголемува бројот на оздравени здравствени работници, од вкупно 242 заболени, оздравени се 217.
Од утре ќе почне скринингот на вработените во градинките, што е близу 2.000.