Идниот понеделник ќе отворат и кафеаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време, ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела, а организирање прослави за свадби и крштевки засега не се дозволени.
Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за ЗБ на Владата и препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23 мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавње на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер.
Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела.
Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри, или по еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.
Доколку на касата нема можност од растојание од два метра, фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време.
Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат.
Свадби и крштевки се забранети. Одговорно лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости.