
СДСМ нема информација дека пратеничките Солза Грчева и Љубица Буралиева поднеле барање до Собранието за повлекување на оставките на пратеничките мандати. Се додека не добијат таква информација не можат да коментираат.
„Кандидатите за пратеници на СДСМ и коалициионите партнери остануваат и го почитуваат познатиот став на опозицијата за неприфаќањето на мандатите и за нерегуларност на изборниот процес. До овој момент ниту еден од кандидатите за пратеници ја нема информирано партијата дека не ја почитува оваа одлука на највисоките тела на партијата Центрачниот одбор и конгресот на СДСМ,“ изјави генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.
Спасовски не знаеше да одговори и дали и други пратеници ќе поднесат оставки и како ќе се однесува секој од нив, утре на Конституивната седница.
„33 кандидати за пратеници поднесоа оставки до Собранието. Колку ќе констатираат утре, ќе видиме на седницата во Собранието,“ додаде Спасовски.