УЈП одобри финансиска поддршка за 10.103 фирми, за исплата на плата за април

Уште 4.962 фирми ги исполнија условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 377.921.509 денари, информира Управата за јавни приходи.

УЈП, како што соопшти, го достави второто известување до Генералниот секретаријат на владата за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. .

– Согласно второто известување, вкупниот износ на одобрени финансиски средства за исплата на плати за месец април 2020 изнесува 885.868.773 денари за вкупно 10 103 фирми.

Од УЈП информираат и дека се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка.