Полицијата на Берлин во четвртокот спровеле претреси во неколку објекти кои се поврзауваат со организиран криминал на еден арапски клан, соопштија властите на германската престолнина.
„Претресот е спроведен поради сомневања за сторени кривични дела при илегално тргување со дроги и нелегално поседување оружје“, соопшти полицијата во Берлин за акцијата во којашто учествувале околу 200 припадници на полицијата.
Операцијата е насочена против арапски клан чиишто криминални активности веќе со години се наоѓаат во центарот на интесирањето на јавноста во Берлин, но и во други делови на Германија, како на пример областа Рур каде што е присутен клански организираниот криминал на арапските доселеници од Либан.
Припадниците на тие семејства, меѓу другото, се сомничат за спектакуларниот грабеж на накит од лускузната стоковна куќа „KaDeWe“ во Берлин и кражбата на 100 килограми тешкиот златник од берлиснкиот музеј „Bode“.
На тоа арапско семејство по потекло од Либан пред две години му беа запленети дури 77 станови во Берлин во вкупна вредност од 9 милиони евра, под сомневање дека се купувани поради перење пари.
Берлинскиот сенат во 2018 година донесе план во системската борба против организираниот криминал со кланска заднина на територијата на градот. Станува збор за многучлени семесјтва кои кон крајот на седимдесеттите години од минатиот век како бегалци од војната дошле во Германија, а во меѓувреме создале паралелни структури кои се истакнуваат во негирањето на германските власти и закони.