
Вистината боли, а еве го и признанието на Петре Шилегов. Тревникот заедно со дрворедот ги чини скопјани над половина милион евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на на Фејсбук статусот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на соопштението на Град Скопје.
„Обична трева и неколку дрва – половина милион евра. Ова го може само Петре Шилегов и СДСМ“, констатираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и потенцираат:
„Додека фалат училишта, додека како влада не можат да изградат една болница, додека немаме градинки Шилегов реши да потроши над половина милион евра на трева и неколку дрва. Петре Шилегов на дело покажа што значи грабеж со народни пари“.