
Поради наметнатите изолации, соромаштијата и анксиозноста, среде пандемијата на коронавирусот се заканува глобална криза на менталното здравје, предупреди во четвртокот челничката на одделот за ментално здравје при Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
„Изолацијата, стравот, несигурноста и економскиот пад предизвикуваат или може да предизвикаат психолошки проблеми“, изјави Девора Кастел директорка на одделот за ментално здравје при СЗО.
Претставувајќи го извештајот на ОН и насоките по прашањата на пандемијата на коронавирусот и менталното здравје, Кестел рече дека е изгледен голем пораст на менталните болести и нивниот интензитет, како и дека владите би требало да го стават ова прашање во средиштето на својот одговор на кризата.
„Менталното здравје и благосостојбата на цели општества силно се погодени со кризата, и се приоритет кој мора итно да започне да се решава“, рече Кестел пред новинарите.
Во изештајот истакна неколку региони и општествени слоеви кои се најранливата група за ментално болести, вклучително децата и младите изолирани од пријателите, како и здравствените работници соочени со големиот број починати од коронавирусот.
Досегашните истражувања веќе го покажуваат влијанието на пандемијата врз менталното здравје. Психолозите наведуваат дека е забележан пораст на бројот на анскионзите и депресивните во повеќе земји. Се зголемува и семејното насилство, додека здравствените работници сѐ повеќе бараат психолошка помош.