Трката за престиж, според министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, сега е фокусирана на тоа кој ќе биде првиот што ќе најде вакцина против коронавирусот.
– Некои земји покажуваат себичност во тој натпревар кој треба да биде првиот што ќе ја има вакцината. Постојат извештаи дека САД ја финансирале француската компанија Санофи со цел да бидат први што ќе добијат пристап до вакцината, доколку компанијата успее да ја создаде, рече Лавров.
Од друга страна, потенцира Лавров, иницијативите што доаѓаат од Франција, од Европа, кои и Русија ги поддржува, се дека доколку се најде вакцина, таа ќе биде достапна за сите луѓе во светот.
– Тоа е прашање на здравиот разум, нема место за геополитика, себични интереси и постигнување политички поени во оваа трагична ситуација. Здравиот разум наложува сите сили да бидат обединети и насочени кон една цел, а тоа е наоѓање на вакцина против коронавирусот, и тоа што е можно поскоро, наместо да викате „фатете го крадецот“ и вината да се префрла на некој друг, рече Лавров во интервју за РБЦ.