Кина е подготвена да ги стави американските компании на „листата несигурни правни лица“ во рамките на одговорот на одлуката на САД за блокадата на испораките на полупроводници за кинескиот технолошки гигант „Huawei“, пренесуваат во петокот кинеските медиуми.
Мерките вклучуваат отворање истраги и воведување ограничувања за компаниите како „Apple“, „Cisco Systems“ и „Qualcom“, како и запирање на купувањето авиони од производителот „Boeing“, пишува кинескиот весник на англиски јазик The Global Times, повикувајќи се на неименуван извор.
Издавач на овој весник е службениот весник на кинеската владејачка Комунистичка партија. Иако The Global Times не е официјално гласило на партијата, се смета дека ставовите изложени во него ги одразуваат позициите на партиските водачи.
Американското министерство за трговија претходно во петокот објави дека ќе ги измени прописите „за тесно и стратешки да ја цели набавката на полупроводници на Huawei који се директен производ на одреден американски софтвер и техногија“.
Имено „Huawei“ и натаму користи американски софтвер и технологија, во прв ред по барање на американските добавувачи кои поради санкциите на Вашингтон против кинеската компанија би им донеле огромни загуби. Но, како што истакнува американското министерство, користејќи го американскиот софтвер и технологијата за проектирање на полупровидници и со странските аквизиции „ги поткопува целите на националната безбедност на САД и прописите за контрола на извозот“, и покрај тоа што „Huawei“ од 2019 година е на американската „црна листа“.
Кинеската компанија е во центарот на континуирата борба за доминација на меѓународните пазари меѓу САД и Кина, при што Вашингтон во последниот период ја заостри реториката кон Пекинг, поттикнат, меѓу другото и од економските последици од пандемијата на коронавирусот.