(ФОТО) СКАНДАЛ: Македонскиот конзул во Бугарија смета дека Македонците се Бугари

За македонскиот конзул во Софија, Александар Панев, еден од кадрите на министерот Димитров, Македонците се Бугари и дел од современата бугарска држава. Тој меѓудругото смета дека стотина години наназад се создавала таа крвна врска.

Панев ваквите ставови ги искажува јавно на социјалните мрежи, неводејќи сметка дека е конзул и претставник на Македонија. Покрај тоа тој во дисусијата слободно се расфрла со навреди кон српскиот народ, но и со закани кон лицата со кои дискутира.

Вечер.мк дознава дека Панев за соговорникот кој му се спротиставува во дискусијата на Фејсбук, користејќи негови начини, пуштил претставка до секторот за внатрешни работи со барање најригорозно да го казнат со отказ, затоа што според него, претставувал  закана за секој бугарски државјанин, за него лично како и за членовите на неговото потесно семејство. Но и дека на тој начин ги кочел евроатлански интеграциите на нашата земја.

Покрај тоа што постојат отворени сомнежи за злоупотреба на службена положба, се поставува и прашањето дали  Панев имал дозвола од кабинетот на министерот Димитров, јавно да искажува свои ставови знаејќи дека за тројца други дипломати се води дисциплинска постапка за јавен настап без да се праша Димитров?

Ваквата постапка отвора и уште едно прашање, дали ова се само ставови и на Министерот Димитров, или пак лични на конзулот Панев, кој во период кога од Бугарија постои негирање на македонскиот јазик, но и постоењето на Македонците пред  1944 година?