Грците поитаа на плажите со строги прописи

Грците во саботата поитаа на плажите откако властите дозволија повторно отворање на повеќе од 500 плажи низ земјата, настојувајќи да воспостават рамнотежа меѓу заштитата на населението од заразата со коронавирусот и заживувањето на туристичкиот сектор од кој зависи егзистенцијата на многу Грци.

Многумина од Грците првпат се појавуваат на некои јавно место откако владата на почетокот од мај започна со ублажувањето на мерките за изолација, што се совпадна со првиот годинешен топлотен бран. Сепак, населнието мора да ги почитува прописите за одржување на физичката дистанца, со кои е пропишано дури и колку чадорите може да бидат оддалечени еден од друг.

Во согланост со упатствата коишто ги издаде грчката влада, на простор од 1.000 квадрани метри истовремено може да престојуваат најмногу 40 лица, основата на чадорите мора да бидат оддлечени четири метри, а растојанието меѓу двата горни дела од тендата не смее да биде помало од еден метар.

Медиумите пренесуваат дека на популарната плажа Алимос, јужно од главниот град Атина, луѓето од рано утрото чекаат во ред „на своето место под сонцето“. Граѓаните коментираат дека ова им овозможува барем малку да се опуштат по карантинот. Некои од плажите ги надлетуваат дронови, а преку мегафони граѓаните се повикуваат да ја оддржуваат пропишаната физичка дистанца меѓу себе.

Укинувањето на рестриктивните мерки во Грција следеше кога и други земји во Европа и светот се обидуваат да ги ублажат досегашните строги ограничувања кои се воведени поради сузбивањето на ширењето на пандемијата, и да ги заживеат своите потклекнати стопанства. Постепеното ублажување на досегашните мерки во Грција започна на 4-ти мај. Во земјата беа регистрирани 2.800 случаи на зараза со коронавирусот и 160 смртни случаи.