Француски авион го изведе најдолгиот директен лет

Франциската нискобуџетна воздухоплона компанија „French bee“ во петокот го извела најдолгиот домашен лет без слетување од францускиот остров Тахити до Париз, при што авионот прелетал повеќе од 16.000 километри и го надминал претходниот рекорден лет, соопшти компанијата на социјалните мрежи.

Во март теелвизијата BFMTV објави дека поради ситуацијата со коронавирусот, авиокомпанијата „Air Tahiti“, извеле лет од Франциска Полинезија до Париз, кој стана најдолгиот дотогаш во историјата на цивилната авијација, доколку не се сметаат експерименталните летови. Рекородот бил принудно постигнат: вообичаено авионите кои летат од Папеете на островот Тахити кон Париз, попатно слетуваат во Лос Анџелес. Меѓутоа, поради заканата од ширењето на коронавирусот, американските власти ги затворија својот воздушен простор за авиони од земјите од Шенгенската зона. Така, авионот го изминал растојанието меѓу двете дестинации од 15.715 километри за 16,5 часа.

„Соборен е светскиот рекорд. ‘French bee’ со гордост објавува дека нејзниот ‘Airbus A350-900’ го изведе најдолгиот директен лет на домашна линија: 16.129 километри меѓу Тахити и парискиот (аеродром) Орли за 16 часа и 49 минути“, се наведува во објавата на Twitter профилот на компанијата.

Во прилогот на BFMTV се истакнува дека авионот полетал на 12-ти мај од Франција кон Француска Полинезија, со 20 тони медицински материјали наменети за населението на оваа француска прекуморска територија во Тихиот Океан. Потоа во петокот леталото полетало од Меѓунардониот аеродром Тахити Фаа, а слетало во Париз.

Челникот на нискобуџетната авиокомпанија Муриел Асулен изјави дека авионот од типот „Airbus A350“ е „најнапредниот авион во светот во однос на ефикасноста при потрошувачката на горивото“. Притоа, како што додава телевизијата, директорот за операции на воздишниот транспорт во компанијата, Лиус Андре, посочил дека летот се одвивал „на просечна надморска височина од 12.500 метри и со брзина од 940 километри на час“.

Во октомври минатата 2019 година авион од типот „Boeing 787-9“ изведе директен лет од Њујорк до Сиднеј за 19 часа и 16 минути, но овој лет меѓу две различни земји се води како пробен лет.