
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вети дека ќе започне независна проценка на одговорот на оваа организација кон пандемијата од корона вирусот во првиот погоден момент и вети транспарентност и одговорност во името на СЗО.
– Секој од нас може да извлече поука од пандемијата. СЗО е посветена на транспарентност, одговорност и континуирано усогласување, изјави Гебрејесус на состанокот на СЗО.
Како што пренесува „Гардијан“, генералниот директор на СЗО напоменува дека ризикот и понатаму е висоок и дека ни претстои долг пат.
Прелиминарните тестови во некои земји покажуваат дека најмногу 20 отсто од населението било заразено со вирусот, а на поодделни места и помалку од 10 отсто, истакна Гебрејесус.