
Заев бара избори зашто му гори под нозе и се бори за фотеља, во партијата, оценува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој објави 11 парадокси на Заев за избори:
1. Бара избори, а бројот на заболени двоцифрено расте секој ден;
2. Бара избори додека има полициски час;
3. Бара избори во јуни со образложение дека вториот пик ќе бил од есен, кога СЗО кажа дека евентуалниот втор пик може да биде со почетокот на зимата – ова не важи;
4. Бара избори во јуни, а неговиот советник вели во август и септември ќе има најмал пик на заразени;
5. Бара избори сега, а економскиот пакет ќе го дава дури во септември;
6. Бара избори со избирачкиот список кој не е прочистен, а во 2016 два пати ги одложуваше изборите токму поради истото;
7. Бара избори со рокови спротивни на изборниот закон;
8. Бара избори, а нема протоколи за време на изборите;
9. Бара избори, ОБСЕ вели прво датум за избори за да ви кажеме дали сме подготвени;
10. Бара избори, а градинките, училиштата и факултетите не работат;
11. Бара избори додека границите се затворени;