Попладнево нови протести во Тирана

Алијасата за заштита на театрот, подржана од албанската опозиција, попладне во 17:30 часот ќе го одржи вториот протест по уривањето на тетарот.

 По еден ден „пауза“ во знак на почит кон муслиманските верници, кои синоќа ја одбележуваа ноќта на Кадр, демонстрантите повтрно ќе се соберат пред зградата на Министертвото за внатрешни работи.

Поради учество на масовен собир, кој во услови на пандемија е забранет, кривични пријави вчера заработија и тројца опозициски лидери, Љуљзим Баша на Демократската партија, Моника Круемади, на социјалистичкото движење за интеграција и Фатмир Медиу, на Републиканската парија.

Во меѓувреме,како што пренесуваат медиумите, премиерот Еди Рама се обидува да ги убеди странците дека уривањето на тетарот е законско и оти обвинувањата за примената на насилство од страна на полицијата на завчерашниот протест е лега.