Македонија со најголем индекс на смртност од коронавирус во регионот

На црната статистика која go мери индексot на смртност на 100.000 жители од коронавирус, Македонија е на првото место,  и овој поразителен факт за нашата држава е алармантен.

Македонија од сите држави во регионот има најголема стапка на смртност. Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, статистиката ја објави на својот фејсбук профил.

Пресметано на 100.000 жители, стапката на смртност во Македонија е 5,09. По нас доаѓа Босна со 4,03 и Србија со 3,35 .

Останатите земји во регионот можат да се пофалат со далеку поуспешна борба против коронавирусот, а за тоа говори и статистиката каде стапката на смртност е далеку помала од кај нас.

Следува приказ за тоа колку изнесува индексот на смртност на 100.000 жители, од COVID-19 во другтие земји во регионот:

Како што може да се забележи, Македонија е со најлоша статистика и има најголем број на жртви од коронавирусот, сметано на 100.000 жители.

Овој поразителен показател е доказ дека земјата не се избори доволно добро со коронавирусот. Изгубивме многу жртви, а бројот на новозаразени и починати секој ден расте. Владата, сега, наместо да зборува за оваа аларманта статистика, говори за корона-избори.

За избори зборува и Хрватска, па владата на Заев ги користи како изговор. Но, во  што е разликата? Хрватите одлично се справија со корона кризата. Хрватска има двојно повеќе население од Македонија, а дневно бележи две новозараени лица, или речиси десет пати помалку од кај нас,

Хрватските медиуми пишуваат дека бројот на новозаразени драстично опаѓа. Дали Хрватска ќе одеше на избори ако ја имаа македонската статистика на најголем индекс на смртност во регионот?

Словенија, за споредба,  во минатите 24 часа тестирала 981 лице, а од нив позитивен бил само еден граѓанин.