Сабота неработен ден за Власите

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во сабора е Националниот ден на Власите и е неработен за припадниците на оваа заедница во земјава.

„Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај (сабота), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница“, појаснуваат од Министерството..

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.